Данил Медведев загуби од Хуберт Хуркач со 6:7, 3:6 во ден во кој се случија две тениски чуда во Мајами и на АТП турнирот од мастерс серијата испаднаа двајцата топ-фаворити.
Претходно Нрвежанецот Каспер Руд со победа од 2:1 во сетови го елиминира вториот носител Александер Зверев.
Хуркач вечерва израмни на 2:2 во меѓусебните дуели со Медведев, и по нешто повеќе од два часа тенис се пласира во полуфиналето на турнирот во Мајами.
Првиот сет полскиот тенисер го доби со 7:6 во тај-брејк, а беше многу возбудливо, со клучна грешка на Медведев за 7:8 во поени, што Хуркач ја казни со нов поен го доби тај-брејкот со 9:7 во поени.
Во вториот сет Хуркач направи два брејка и лесно го доби со 6:3 за победа од 2:0 и полуфинале во Мајами.