Чуден автогол на шпански репрезентативец го урна Атлетик Билбао по 11 години (Видео)

Унаи Симон повторно си постигна чуден автогол во 88-мата минута и иако беше немоќен, тој е виновник за првиот пораз на Атлетик Билбао по цели 11 години против Мајорка.

Шпанскиот репрезентативец се обиде да му го одбрани ударот на Такефуша Кубо, а топката од стативата се одби од него и влезе во мрежата на гостите од Билбао за пораз од 3:2 против домашната екипа.

Мајорка немаше победа против Атлетик Билбао од 2011 година, а со два гола во првите 30 минути најави дека кончено ќе успее да го прекине долгото проклетство.

Сепак, мечот стана драматичен откако за 120 секунди, Гарсија и Беренгер во 59-тата и во 61-вата минута израмнија на 2:2.

Потоа се случи чудниот гол по ударот на Куфо и несреќната интервенција на Симон за победа на Мајорка од 3:2.

За нив ова е седма победа во Ла Лига сезонава и сега со 29 бода се на 13-тото место, а Атлетик остана осми со 34 бода.

- Оглас -

Најнови вести