17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Чуден деби гол во Турција на Лука Станковски, погоди со рамо (Видео)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Лука Станковски, прв пат беше стартер во дресот на турски Газијантеп и успеа да го постигне првиот погодок. На дуелот против Ризеспор, Станковски донесе водство на својот тим од 1:0, а на крајот Газијантеп победи со 2:0.

Акцијата за голот беше во 41 минута, кога по една нафрлена топка, Станковски најдобро се снајде и погоди со рамо. Главниот судија првично го поништи погодоот покажувајќи дека има игра со рака, но потоа се поправи и покажа дека погодокот на македонскиот младински репреентативец е регуларен и постигнат со рамо.

Станковски на теренот беше до 66 минута, кога неговиот тим веќе имаше сигурно водство од 2:0.

- Оглас -

Најнови вести