Чуден модел на Ла Лига за да се скроти омикрон – Туширање дома и микрокористење на соблекувалните

Чуден модел за да се справи со брзото ширење на новиот сој на корона-вирусот, омикрон, предложи раководството на шпанската Ла Лига.

Според челниците на Ла Лига, треба да се ограничи користењето на соблекувалните на што покус период и предлогот е играчите по натпреварите да се тушираат дома или во хотел.

Ла Лига во новиот правилник за однесување во ерата на омикрон-сојот предвидува и секојдневно тестирање на играчите со брзи тестови и дневно ќе им доставува на клубовите по 60 антигенски тестови.

Омикрон-сојот направи хаос по клубовите во Шпанија, па Реал Мадрид има дури 9 позитивни на корона, а рекордер е второлигашот Луго дури со 20 заразени со ковид-19.

 

- Оглас -

Најнови вести