Чуден пенал во Севилја – Фекир немаше среќа, топката си прошета по гол-линијата и не влезе во голот (Видео)

Набил Фекир немаше среќа со ударот од белата точка против Елче, голманот му го одбрани пеналот на интересен начин. Во финишот на првото полувреме напаѓачот на Бетис имаше шанса да му донесе предност на својот тим од 3:0, но за влакно не успеа.

Едгар Бадија успеа да одбрани, потоа и буквално падна на топката, која се прошета по гол-линијата, но не влезе во голот.

Бетис по еден час игра води со 3:1 со головите на Санабрија и на Телјо два, а стрелец за гостите е Жосан.

 

- Оглас -

Најнови вести