Аргентинскиот тенисер Камило Уго Карабелји се најде на удар на спортската јавност откако се реши на еден необичен потег. На дуелот против Американецот Тристан Бојер, Карабелји беше во загубена позиција, бидејќи губеше со 6:3 и 5:4, кога во десетиот гејм од вториот сет се случи чуден момент.
Бојер водеше со 40:0 и имаше три меч топки на свој сервис, но тогаш Аргентинецот му пријде на противникот и му подаде рака, предавајќи го дуелот. Некои љубители на тенисот сметаат дека треба да има истрага за ваквиот потег на Карабелји, во полуфиналето на турнирот во Кампинас.
https://twitter.com/i/status/1847771897745818025
Ова не е прв пат Карабелји да направи ваков потег. Минатата сезона на турнирот во Мајами тој го предаде мечот откако губеше со 3:6, 3:5 и беше 30:30 во гејмот кој можеше да биде клучен за негов пораз.