Чуден потег на Раул Гонзалес, одби да биде тренер на клуб од Премиер лигата во Англија

Чуден потег направи легендарниот шпански фудбалер Раул Гонзалес и одби одлична понуда од Лидс – да биде нивниот нов тренер и наследник на Џеси Марш.

Марш вчера доби отказ по седумтте меча во серија без победа во Премиер лигата, а и англиските и шпанските медиуми потврдуваат дека Раул добил понуда од челниците на Лидс да биде нов менаџер на премиерлигашот.

Интересно е што тренерот на Реал Мадрид, Кастилја, или на вториот тим на шпанскиот гигант, претходно имал понуда и од Шалке 04, но и таа ја одбил.

Според шпанскиот „Ас“, целта на Раул е да биде прв тренер на Реал Мадрид, а и таа варијанта е можна ако Анчелоти се раздели со Кралскиот клуб.

Раул е легенда на Реал, но и на светскиот фудбал, а се покажа и како добар тренер бидејќи со Кастилја е на второто место во Третата шпанска лига само со два бода помалку од лидерот Алкоркон.

 

 

- Оглас -

Најнови вести