Ракометарите на Данска без многу проблеми со 37:27 ја победија Португалија и со максимални шест бода ја завршија првата групна фаза од Европското првенство во Германија. Данците немаа никакви проблеми да победат, иако во еден момент од мечот противниците на теренот беа со повеќе играчи од дозволеното.
Во финишот на првото полувреме, Португалците на теренот имаа осуммина играчи (седум во поле плус голманот), но шавјцарските судии тоа не го забележаа. Шестмина играчи плус голманот беа во одбраната, а еден португалски ракометар стоеше напред во контранапад, па откако успешно се одбранија, тој доби топка и лесно постигна гол, кои судиите Бринер и Салах го признаа.
https://twitter.com/i/status/1746994498054348834
По постигнатиот гол следуваше реакција од клупата на Данска, па судиите се консултираа и со луѓето од записничката маса, но голот не беше поништен. За среќа на Данска, овој примен погодок немаше големо влијание во конечниот резултат.