Данил Медведев го потврди учеството во полуфиналето на завршниот АТП-турнир во Торино со победа од 2:1 против Јаник Синер во чуден меч.
Големиот фаворит со блескав прв сет најави брза победа, а не му дозволи на Италијанецот да освои ниту еден гем, па со 6:0 поведе со 1:0 во сетови.
И потоа му се случи голем пад во играта, па Синер поведе со 3:1 и го најави израмнувањето на 1:1. Тоа се случи, но дури во тај-брејк, што по многу возбудувања му припадна на италијанскиот тенисер со 7:5 во поени.
Во решавачкиот сет повторно имаше многу пресврти, а Синер имаше голема шанса да го победи вториот на АТП-листата, но не успеа.
Италијанскиот тенисер поведе со 4:2, потоа имаше и брејк-топка за 5:2 и сервис за победа, но Медведев се спаси и потоа и тој направи брејк за 4:4 во гемови.
До крајот на мечот се играше израмнето, а клучен момент за трета победа по ред и прво место во Зелената група за Медведев беше вториот тај-брејк што го доби со 10:8 во поени.
Медведев ќе игра во полуфиналето со победникот од утрешниот дуел меѓу Рублев и Руд, а во дербито на претпоследната рунда во Торино ќе биде мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев.