Чудесен натпревар за ЛА Лејкерс: Губеа со 22 разлика, на крајот убедливо победија (Видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс и Феникс санс го одиграа најчудниот натпревар во новата сезона на НБА лигата. „Езерџиите“ победија со 123-116, што може да се каже дека е убедливо, ако се знае дека претходно имаа негатива од дури 22 поени разлика, кои успеаја да ги надополнат и да се израдуваат на втората победа оваа сезона.

Ентони Дејвис со 35 поени едноставно беше незадржлив за противничката одбрана, а Леброн Џејмс мечот го заврши со 21 поен.

Филаделфија без Џоел Ембид и Пол Џорџ е сосема друга екипа, па иако беа фаворити, загубија на гости од Торонто со 115-107, а изненадувачки пораз доживеа и Милвоки на домашен терен од Чикаго со 122-133. Адетокумбо постигна 38 поени, но и тоа не беше доволно за победа на Милвоки, со оглед на тоа дека загубија три четвртини, а ја добија само првата со минимални два разлика.

Резултати:

Орландо – Бруклин 116-101
Торонто – Филаделфија 115-107
Атланта – Шарлот 125-120
Кливленд – Детроит 113-101
Њујорк – Индијана 123-98
Хјустон – Мемфис 128-108
Милвоки – Чикаго 122-133
Јута – Голден стејт 86-127
ЛА Лејкерс – Феникс 123-116
Портланд – Њу Орлеанс 103-105

- Оглас -

Најнови вести