Чудесен пресврт на Борусија: Губеше со 2:0 до 70 минута, а на крајот победи (Видео)

Борусија Дортмунд на феноменален начин стигна до трите бода на гостувањето во Франкфурт кај Ајнтрахт, победувајќи со 3:2. Триумфот на Милионерите е посебно значаен ако се знае дека до 20 минути пред крајот, Ајнтрахт водеше со 2:0.

Со двата гола на Рафаел Боре во 15 и 24 минута, Ајнтрахт стигна до брзо водство од 2:0. Головите на домашниот тим може да ги видите ТУКА и ТУКА.

Домаќините ја имаа контролата на резултатот се до 20 минути пред крајот, а тогаш започна чудесниот пресврт. Борусија преку Азар намали на 1:2, а во 87 минута Белингам погоди за 2:2.

Чудото да биде комплетно се погрижи Дахуд со погодокот во 89 минута. Со оваа победа, Борусија стигна до 37 бодови, шест помалку од лидерот Баерн, но Милионерите имаат и меч плус за доигрување.

- Оглас -

Најнови вести