Чикаго Булс го победи Торонто со 109-105 и против Мајами ќе се бори за осмата позиција во НБА плејофот. Торонто загуби речиси добиен натпревар бидејќи на почетокот на третата четвртина имаше предност од 19 поени. Како што изминуваше времето, предноста на Торонто се намалуваше, па на крајот беа поразени и тука за нив завршува сезоната.
Роузен беше најдобар стрелец во екипата на Чикаго со 23 поени, додека Сијакам уфрли 32 поени за екипата на Торонто.
Драматично беше на дуелот помеѓу Њу Орлеанс и Оклахома, кој го добија гостите со 118-123. Ниту една екипа во текот на мечот немаше двоцифрена предност и сè се решаваше во самиот финиш од натпреварот. Александер со 32 поени беше најпрецизен во победничката екипа, додека Инграм постигна 30 поени за Њу Орлеанс.
Сезоната за Њу Орлеанс тука завршува, додека Оклахома за место за плејофот ќе игра против Минесота.