24.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Чудесен пресврт за победа на Бостон кај Индијана, сега ги дели само еден триумф до пласман во големото финале (Видео)

Екипата на Бостон селтикс поведе со 3:0 во победи против Индијана, откако утрово славеше на гостински терен со 114:111, во конференциското финале на Истокот во НБА плејофот. Делуваше неверојатно дека Бостон може да победи на гостувањето кај Индијана, посебно по заостанувањето од дури 18 поени во третата четвртина (84:66), но најдобриот тим на Истокот не се откажа и на крајот успеа да направи пресврт.

Бостон прво направи низа од 15:4 и намали на 88:81, но Индијана ја имаше контролата на резултатот до последната минута. На помалку од 90 секунди до крајот Индијана водеше со 111:106, но Бостон одигра неверојатна завршница и со серија од 8:0 стигна до победа која ги носи речиси сигурно во големото финале.

Џејсон Татум со 36 поени, 10 скока и осум асистенции беше предводник на победничкиот тим, а Џелејн Браун додаде 24 поени. Сепак инспиратор на победата беше и Холидеј кој во последната четвртина даде девет поени, а ја имаше и клучната украдена топка на пет секунди до крајот кога Индијана имаше напад за победа.

 

- Оглас -

Најнови вести