Централниот дефанзивец на Кембриџ јунајтед, Мајк Морисон, е во центарот на вниманието на англиската фудбалска јавност, откако со својот погодок ги воодушеви буквално сите.
35-годишниот дефанзивец прими топка на центарот од теренот, мина четворица фудбалери на Шревсбери и ладнокрвно успеа да постигне погодок.
Морисон летово се врати во матичниот Кембриџ јунајтед, откако претходно одигра преку 400 натпревари во англиската Чемпионшип дивизија за екипите на Бирмингем, Ридинг, Лестер, Чарлтон и Портсмут.