Чудесен талент има Динамо – Бартол дава голови како од шега, од 2013 година секогаш е прв стрелец

Бартол Баришиќ е новиот голем талент што доаѓа од Академијата на Динамо Загреб, а момчето родено во 2003 година има неверојатна низа од 15 турнири по ред на кои е најдобар стрелец, на повеќето од нив и прогласен за најдобар играч.

Баришиќ и во оваа сезона блеска и немилосрдно ги тресе мрежите на голманите врсници и само на 9 меча веќе постигна 21 гол.

Талент што ретко се раѓа, а за него во Хрватска велат дека многу потсетува на Давор Шукер.

„Бартол е расен стрелец со неверојатен инстинкт за гол. Има фантастичен тајминг и особено е добар во скок-играта. Логично е што е префрлен во една возрасна категорија погоре бидејќи беше апсолутно доминантен во категорија на деца до 16 години“, вели Томислав Рукавина, селекторот на Хрватска за играчи до 17 години.

Баришиќ игра за оваа селекција од мај годинава и има просек од гол по меч, иако е најмлад според возраста.

„Долго време не сме имале ваков талент. Хрватска е расадник за добри фудбалери, но Бартол може да ги надмине сите ако продолжи да игра на ова ниво“, додава Рукавина.

Младиот талент е најдобар стрелец во јуниорските лиги од 2013 година, а според тоа како игра и дава голови, уште долго ќе доминира и серијата од шест сезони како топ-стрелец ќе потрае.

- Оглас -

Најнови вести