Чудесна ноќ во НБА – Не чини и да си најдобар стрелец

Полноќната програма во НБА лигата беше скромна со само три натпревари и се случи мало чудо, сите три ги загубија екипите што го имаат најдобриот стрелец на мечот.

Никола Јокиќ одигра уѓте едне фантастичен натпревар со 35 поени, 14 скока и 9 асистенции, му фалеше само едно прецизно додавање за нов трипл-дабл, но неговиот Денвер нагетс загуби со 105:109 од Јута Џез.

Интересно е што и вториот најдобар стрелец беше од редовите на поразениот тим. Џамал Мареј уфрли 30 поени, но Денвер го претрпе шестиот пораз на 13 натпревари во новата сезона во НБА лигата.

Јута нанинжа пет победи по ред и се проби на третото место во Западната конференција со биланс 9-4. Најефикасен ноќеска беше Деарон Фокс од Сакраменто кингс со фантастични 43 поени, комбинирани и со 13 асистенции, но Кралевите загубија од Њу Орлеанс пеликанс со 123:128.

Зајин Вилијамсон брилјираше со 31 поен кај победничката екипа. И на третиот меч се случи истото сценарио, топ-стрелецот да загуби, а му се случи на Даг Мекдермот.

Кошаркарот на Индијана пејсерс уфрли 23 поени на дуелот со Лос Анџелес клиперс што неговиот тим го загуби со убедливи 129:96.

Маркус Морис и Пол Џорџ постигнаа по 20 поени за победничката екипа.

 

- Оглас -

Најнови вести