Чудесна одбрана на најпотценетиот голман во светот (Видео)

Кејлор Навас е голманот кој може да се пофали со преку 15 освоени трофеи со екипите на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен. Костариканскиот чувар на мрежата бранеше одлично во Реал и три пати беше и европски првак, но челниците на клубот решија дека е потребно да го доведат Тибо Куртоа, а Навас го седнаа на клупата, а потоа беше продаден во ПСЖ.

И во дресот на Светците, Навас имаше одлични одбрани, но и тука му најдоа замена. Летово беше доведен Џанлуиџи Донарума, па Навас седна на клупата за резерви. Сепак, кога се работи за репрезентацијата, Навас е незаменлив во дресот на Костарика, а зошто е тоа така, покажа и на последниот меч.

Костарика со 2:1 славеше над Салвадор, а гостите во последите моменти од мечот имаа фантастична шанса да стигнат до израмнување. Славјете на Салвадор го скрати Навас, кој успеа со фантастична парада да спаси сигурен гол. Многумина голмани ќе капитулираа по овој шут, но не и Навас, кој со тој потег донесе победа на својата селекција.

 

- Оглас -

Најнови вести