Чудесна прва четвртина на Дончиќ, Лејкерс го победи Денвер (Видео)

Лос Анџелес лејкерс на домашен терен го победи Денвер со 120:108 во еден од 11-те натпревари кои ноќеска се играа во НБА-лигата. Кај Лејкерс поради повреда го немаше Леброн Џејмс, додека гостите беа без двете најголеми ѕвезди, Никола Јокиќ и Џемал Мари. Затоа на теренот беше Лука Дончиќ, кој направи разлика и беше вистински предводник на Лејкерс до победата.

Словенечката суперѕвезда постигна 31 поен, а имаше и девет скока и седум асистенции. Посебно шоу Дончиќ направи во првата четвртина, кога даде 21 поен, а имаше и по три скока и асистенции, а Лејкерс доминираше во тој дел од играта и имаше предност од 46:29.

На почетокот на последната четвртина Лејкерс водеше и со 30+ разлика, па Дончиќ беше седнат на клупата за резерви да одмори и воопшто немаше потреба да влезе во игра до крајот на дуелот.

Ова беше јубилеен 200-ти натпревар на кој Дончиќ постигнува 30+ поени. Во претходните седум и пол сезони во дресот на Далас тоа го направи 192 пати, а сега како играч на Лејекрс во 16 средби успеа осумпати да ја достигне границата од 30 поени.

Резултати од мечевите кои се играа ноќеска: Индијана – Далас 135:131, Орландо – Хјустон 108:116, Мајами – Детроит 113:116, Минесота – Њу Орлеанс 115:119, Оклахома – Филаделфија 133:100, Сан Антонио – Њујорк 120:105, Јута – Вашингтон 128:112, Феникс – Чикаго 127:121, Портланд – Мемфис 115:99, Сакраменто – Кливленд 123:119.

- Оглас -

Најнови вести