Доколку погледнете некоја фотографија од Адама Траоре од времето кога како тинејџер дебитираше за Барселона, не би го препознале. Шпанскиот фудбалер кој сега е познат по своите физички предиспозиции, мускули и брзина, не беше таков во минатото.
Траоре кој е член на Вулверхемптон, очекува да биде официјализирана неговата позајмица во Барселона, и повторно да го облече дресот на каталонскиот клуб.
Дебито за Каталонците во Ла Лига го имаше во декември 2013 година, кога влезе на местото на Нејмар против Гранада.
Момчето со потекло од Африка кое фудбал научи да игра во Барса, изгледаше драстично поразлично од сега, разликата е запрепастувачка. Момчето стана мажиште, а пушти и коса. Првиот престој во Барса мина неславно, но сега е сосема друг човек, и останува да се види дали мускулите ќе му помогнат во шпанската лига.