Досега незабележана ситуација има во Премиерлигата од нејзиното основање во 1992 година и по 13 кола само четири екипи имаат позитивна гол-разлика.
Во ова издание на една од најсилните фудбалски лиги на светот играат вкупно 20 екипи и само уште три клуба немаат негативна гол-разлика, односно се на позитивна нула.
Лидерот Челзи, шампионот Манчестер сити, Ливерпул и Вест хем како четири првопласирани екипи по 13 кола имаа позитивна гол-разлика, на нула се Вулверхемптон, Кристал Палас и Брентфорд, а сите останати екипи имаат повеќе примени од дадени голови.
Only 4 teams in the Premier League have a postive goal difference. from soccer
Ливерпул како најефикасна екипа во досегашниот дел од сезоната има најголема позитива од 28 гола, а Норич, кој е претпоследен има негативна гол-разлика од 20 погодоци.