Борусија Дортмунд со 3-1 триумфираше на гостувањето кај Волфсбург, и привремено се најде на првото место на табелата во Бундеслигата, со два бода плус во однос на Баерн кој има и еден меч помалку.
Емре Џан и Дони Мален ја најавија победата, а точка стави норвешката машина за голови, Ерлинг Браут Халанд, во 81-ва минута, осум минути откако влезе во игра.
Ова му беше прв меч после пауза од речиси шест недели. За Халанд ова е 50-ти гол на 50 мечеви во германското првенство.
https://twitter.com/i/status/1464629924808044549