Никола Јокиќ уфрли 40 поени, запиша осум скока и девет асистенции во спектaкуларната победа на Денвер нагетс против Атланта хокс. Нагетс славеа со 133-134 во меч во кој успеаја да анулираат негатива од 23 поени. Ова беше нивна деветта последовна гостинска победа.
Хокс во последниот напад имаа можност за тројка што ќе им донесеше продолжение, но обидот на Никеил Александер-Вокер го блокираше Џамал Мареј. Никеил Александер-Вокер успеа да положи две секунди пред крај само за намалување на разликата на еден поен.
Мечот го одбележа Џејлен Џонсон, кој за Атланта оствари трипл-дабл со 21 поен, 18 скока и рекордни 16 асистенции. Џонсон, кој се врати по повреда на листот, стана првиот играч на Хокс во ерaта на детална статистика што забележал трипл-дабл уште до полувреме, кога имаше 11 поени, 10 скока и 12 асистенции. Одлични беа и Александер-Вокер со 30 и Кристапс Порзингис со 25 поени.
Иако Јокиќ беше најефикасен играч на натпреварот, клучниот пресврт се случи додека тој беше на клупата. Нагетс на стартот на последната четвртина губеа со 94-103, но ја отворија со серија од 23-3. Во тој период Кам Џонсон погоди три тројки, а Нагетс ги погодија првите седум обиди за три поени во последната четвртина.
Јута џез беше поразена од Њујорк никс со убедливи 142-112.
Њујорк никс до победата ги предводеше фантастичниот Џејлен Брансон со 33 поени, додека Мајлс Мекбрајд уфрли 22 поени. На спротивната страна, најефикасни беа Кејонт Џорџ и Лаури Марканен со по 18 поени; Марканен имаше и девет скокови, па остана на чекор до дабл-дабл.
Кај Никс, Карл Ентони Таунс постигна 18 поени, фати девет скокови, исто како Марканен, и додели четири асистенции.
Бостон селтикс славеше во големото дерби против ЛА лејкерс со 126-105.
Бостон до победата го предводеше Џејлен Браун со 30 поени, осум скокови и осум асистенции, додека на другата страна единствен расположен беше Остин Ривс со 36 поени и осум асистенции.

