Чудесниот Леон Маршан го урна светскиот рекорд на 200 метри мешано

Французинот Леон Маршан постави светски рекорд на 200 метри мешано, победувајќи на Светското првенство во Сингапур со време од 1:52,69 минути.

Со овој резултат тој го собори рекордот на Рајан Лохте, кој од 2011 година беше неприкосновен со време од 1:54,00 минути, поставено во Шангај.

Претходно, во 2009 година, Лохте го урна рекордот на Мајкл Фелпс со време од 1:54,10 минути, подобрувајќи го резултатот на славниот Американец од 2006 година (1:54,23 минути).

Маршан веќе беше блиску до рекордот на Олимписките игри во Париз, кога исплива 1:54,06 – само шест стотинки послабо од Лохте. Но, тогаш тоа остана во сенка на неговите четири златни и едно сребрено одличје.

Сега Маршан блесна во полн сјај, освојувајќи злато и нов светски рекорд.

- Оглас -

Најнови вести