Кепа Аризабалага бранеше чудесно во финишот на квалификацискиот меч меѓу Романија и Шпанија, а со двете интеревенции во судиското продолжение покажа зошто е најскапоплатениот голман на светот.
Најпрво му одбрани удар со нога на Пушкаш за израмнување на 2:2, а потоа на уште поспектакуларен начин не му дозволи на истиот играч по ударот со глава да го совлада и да ја загрози победата од 2:1 на Црвената фурија.
https://twitter.com/CarvalhoJTElite/status/1169712274870853632?s=20
Шпанија водеше со 2:0 во Букурешт со головите на Серхио Рамос од пенал и на Пако Алкасер, а потоа имаше многу проблеми да ја сочува предноста.
Флорин Андоне намали по еден час игра на 1:2, а потоа гостите останаа со десетмина фудбалери на теренот по исклучувањето на Диего Љоренте. Успеаја да се одбранат, а за тоа најзаслужен е извонредниот Кепа Аризабалага.
Неговите две фантастични интервенции во финишот на мечот можете да ги погледнете ОВДЕ.