Чудесно англиско полувреме – Имаше смешни автоголови во Њукасл, на Јунајтед му поништуваа голови (Видео)

Интересно прво полувреме на три меча се одигра во Премиер лигата, а само Манчестер јунајтед води на премиерните дуели од 24-тото коло.

Пол Погба го постигна голот за предност на Црвените ѓаволи од 1:0 против Барнли, а двојно повеќе погодоци им беа поништени на гостите од Манчестер.

Варан даде гол во 12-тата минута, но беше поништен поради офсајд, потоа Погба беше прецизен во 19-тата минута за 0:1, а уште еден погодок на фаворитот беше поништен потоа поради фаул во напад.

Во Њукасл имаше два смешни автогола, и тоа набрзина за само две минути. Лакселс си ја затресе мрежата во 36-тата минута и Евертон поведе на „Сент Џејмс парк“.

Но, веднаш во следната минута и Холгејт се најде на погрешно место, ја погоди својата мрежа за 1:1, што е резултат по првото полувреме.

На третиот меч меѓу Вест хем и Ватфорд нема голови по првиот дел.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести