Фантастичен дерби меч во Шпанија одиграа Барселона и Атлетико Мадрид со сите елементи што ја красат најдобрата споредна работа на светот, а на „Камп Ноу“ се радуваа домашните навивачи.
Чудно, но вистинито е дека дури тројца дефанзивци на Барселона постигнаа голови, па само Џерард Пике не се запиша во листата на стрелците.
Поведоа гостите од Мадрид со голот на напаѓачот Јаник Караско во 8.минута, а потоа следеше фантастичниот гол со волеј на левиот бек на Барселона, Жорди Алба во десеттата минута.
Асистент беше десниот бек Дани Алвеш, а погодокот на Алба е еден од најубавите во овој викенд.
What a finish by Alba #barcaatleti #LaLigaSantander pic.twitter.com/xXORJwds8y
— AmadSzn (@Upthereddss) February 6, 2022
Барселона се разигра па 17-годишниот талент, Гави во 21. минута направи комолетен пресврт, а стоперот Араухо во финишот на првиот дел беше стрелец за 3:1.
Чудесно добриот меч продолжи со гол на 38-годишниот ветеран Дани Алвеш, а продолжи со погодок на Луис Суарес за Атлетико Мадрид.
Поранешниот шпиц на Барса погоди во 58. минута против клубот за кој играше од 2014 до 2020 година.
Потоа Алвеш беше исклучен на меч на кој беше стрелец, асистент на гол и доби црвен картон.
https://twitter.com/TheAthletic/status/1490368016189693954?s=20&t=XFrtRtjDKqGICC6T_v5ehw
Атлетико имаше повеќе од 20 минути за да се обиде да направи подвиг, но до крајот на мечот немаше гол и шампионот загуби на „Камп Ноу“ со 4:2.