Ајакс ќе ја брка последната сламка за спас од испаѓање во Лигата на шампионите и вечерва на „Јохан Кројф“ популарните Копјаници ќе играат на победа против Ливерпул со просечно највозрасниот тим што им играл во богатата историја во КЕШ и ЛШ.
Тренерот Алфред Шродер одлучи да почне со 11-мина играчи, вклучувајќи го и голманот Пасвер, кои просечно имаат 27 години и 295 дена, што е најстар на Ајакс кој било кога почнал меч од Купот на европските шампиони или во Лигата на шампионите.
27y 295d – The average age of Ajax’ starting XI against Liverpool tonight is 27 years and 295 days, their oldest line-up ever in a UEFA Champions League game. Grown. pic.twitter.com/mM6eXKc8x3
— OptaJohan (@OptaJohan) October 26, 2022
Тоа некако и се коси со политиката на реномираниот холандски гигант, кој е познат како расадник на таленти и форсира млади играчи.
Ајакс со четири европски круни во КЕШ и ЛШ е шестиот најтрофеен клуб во историјата.
Пред клубот од Амстерддам се само Реал со 14 титули, Милан со 7, Баерн и Ливерпул со по шест и Барселона со пет пехари.
Вечерва Ајакс мора да го победи Ливерпул и потоа да се надева дека Црвените ќе загубат на својот „Енфилд роуд“ од Наполи во последното коло од А групата, а притоа тие да го победат Глазгов ренџерс во Шкотска.