Чудесно и веднаш израмнија – Ливерпул последен пат бил во ваква ситуација на денешен ден пред една година (Фото)

Ливерпул губеше со 2:1 по првото полувреме против Манчестер сити во големото англиско дерби и веднаш израмни на 2:2 во меч што може да одлучи која екипа ќе биде нов шампион, а ситуацијата од аголот на гостите е чудесна.

Садио Мане постигна гол за израмнување во 46-тата минута во многу интересна ситуација.

Сезонава ниту еднаш по 31 одигран меч, а ова им е 32-риот Ливерпул не бил во негатива по прво полувреме и што е уште поинтересно, тоа им се случи за последен пат во мината сезона, и тоа на истиот ден, на 10-ти април како и денеска.

Тогаш губеа со 0:1 на домашен терен и потоа направија пресврт и победија со 2:1.

И денеска имаа негатива по првиот дел и најавуваат пресврт и во моментов имаат еден бод помалку од Манчестер сити во битката за шампионската круна.

 

 

- Оглас -

Најнови вести