Барселона го декласира Реал Мадрид во финалната пресметка и го освои трофејот во Суперкупот на Шпанија. Дербито се одигра во Џеда во Саудиска Арабија, а Барса славеше со 5-2, приредувајќи голгетерско шоу за фановите.
Килијан Мбапе во петтата минута донесе предност за Кралскиот клуб, но Барселона до крајот на првиот дел постигна дури четири гола.
Ламин Јамал израмни во 22-та минута, а Роберт Левандовски се погрижи за пресврт со реализација од пенал во 36-та минута. Три минути подоцна погоди и Рафиња, а Алехандро Балде постигна уште еден погодок за Барселона до крајот на првото полувреме.
Рафиња на почетокот на вториот дел зголеми на 5-1 и беше јасно дека Реал Мадрид ќе биде понижен на овој дуел.
Шченсни заработи црвен картон по стартот над Килијан Мбапе во 56-та минута, а Родриго од слободен удар погоди за конечни 5-2.