Манчестер сити го забележа седмиот пораз на последните 10 меча, откако загуби од Јувентус со 2-0 во Лигата на шампионите, па сега со само осум бода се на 22-рата позиција и се уште го немаат обезбедено пласманот во разигрувањето.
„Одигравме многу, многу добро. Горд сум на моите фудбалери. Дадоа сè од себе. Тешко е во Европа. Одигравме навистина добро. Најдобри сме, ја сакам мојата екипа и начинот на којшто игра. Резултатите не можат да ме убедат во спротивното. Нашата цел е да се пласираме понатаму. Ни треба бод или три. Пред нас се два натпревари. Нема да го заборавиме овој период кога ќе го оставиме зад нас“, рече Гвардиола.
Манчестер сити до крајот на групната фаза од Лигата на шампионите треба да игра против ПСЖ на гости и против Бриж на домашен терен.