31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Чудна ќе биде оваа ЛШ: Карабах им се приклучи на Пафос, Алмати и Бодо/Глимт

Азербејџанскиот првак Карабах ќе игра во групната фаза од Лига на шампиони, иако вечерва свој терен Карабах загуби со 2:3 од Ференцварош.

Каравах оди во елитното друштво на 36 екипи благодарение на победата од 3:1 на првата средба на гостински терен во Унгарија.

Вечерва дуелот изобилуваше со пресврти. Ференцварош поведе со 1:0, но Карабах врати со два погодоци за водство на домашните од 2:1 по првото полувреме.

Иако ова беше големо заостанување за Ференцварош, Унгарците не се предадоа и во вториот дел целосно нападнаа, што резултираше со погодоците на Варга од пенал во 55 минута и на Тот во 82 минута.

Ференцварош победи, но на крајот се радуваа фудбалерите на Карабах. Азербејџанскиот тим во групната фаза на ЛШ се приклучи на Пафос, Алмати и Бодо/Глимт кои синоќа ги визираа местата меѓу најдобрите 36 екипи во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести