Чудна одлука на британскиот премиер: Мерките попушаат по завршувањето на Европското првенство

Британскиот премиер Борис Џонсон потврди дека од 19 јули ќе попуштат мерките околу пандемијата со корона-вирусот, што значи дека навивачите во Обединетото Кралство целосно се враќаат на трибините.

Оваа одлука е чудна ако се знае дека мерките ќе олеснат дури по завршувањето на Европското првенство, чија завршница ќе се одржи на „Вембли“ во Лондон.

Полуфиналните натпревари Италија – Шпанија и Англија – Данска ќе се одиграат утре и задутре, додека финалето на 11 јули ќе се одвива пред 2/3 од максималниот капацитет на „Вембли“. На истиот датум се игра финалето на „Вимблдон“, кое исто така ќе се одигра пред речиси целосен капацитет од арената.

Ако се гледа на позитивната страна, ова отстранување на мерките значи дека стартот на новата сезона во Премиер лигата ќе биде многу повозбудлив со враќањето на фановите на своите стандардни места.

https://twitter.com/SkySportsNews/status/1412082695040012293

- Оглас -

Најнови вести