Чудна одлука, тренерот на Партизан поднесе оставка, но ќе продолжи да го води тимот

Тренерот на Партизан, Гордан Петриќ, еден ден по елиминацијата на Црно-белите од Лигата на конференции, си поднесе оставка, објавија српските медиуми.

Сепак, оваа одлука е невообичаена, бидејќи Петриќ нема веднаш да ја напушти клупата, туку тој ќе продолжи да ги води Црно-белите и во наредните недели, до репрезентативната пауза.

Петриќ донел ваква одлука бидејќи не сака да ја „наруши атмосферата во тимот пред натпреварите кои му претстојат на тимот“, а меѓу нив е и вечното дерби против Црвена звезда.

Партизан вчера со поразот од 1:3 од Шериф и тоа пред своите гледачи, го заврши настапот во Лигата на конференции, иако на првиот натпревар славеше со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести