Чудна повреда го тргна Мареј од турнирот во Мајами: Се разбудив со болки…

Британскиот тенисер Енди Мареј, имаше големи очекувања за својот настап на АТП Мастерс турнирот во Мајами, меѓутоа на еден ден пред стартот на турнирот, тој се повлече поради чудна повреда.

Некогашниот прв светски рекет за англиските медиуми истакна дека вчера се разбудил со болки во препоните и имал потешкотии во движењето, а и самиот не знае како се здобил со повредата.

„Не ми е јасно како и зошто се случи оваа повреда. Се разбудив околу шест часот наутро и при самото станување од креветот почувствував волки во препоните, па ми беше тешко да стигнам до тоалетот. Се движам со болки“, истакна Мареј.

Моментално 118-то рангираниот тенисер доби покана да игра во Мајами со вајлд-карта, a а денес во првото коло требаше да ги одмери силите против Јужноафриканецот Џорџ Херис.

Инаку, прв носител на турнирот е Данил Медведев, во отсуство на големата тројка Ѓоковиќ, Надал и Федерер. Натпреварите од првото коло стартуваат денес, а изборот на натпревари за обложување во Sport Life е огромен, проверете сами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести