Чурлинов денеска игра со Шалке 04 за Бундеслига, со победа ќе избегне варијанта што ќе му го скрши срцето

Во интересна ситуација се наоѓа Дарко Чурлинов, македонскиот репрезентативец кој игра за Шалке 04 како позајмен играч од Штутгарт.

Денеска ќе игра на „Велтинс арена“ во Гелзенкирхен за промоција во Бундеслигата и ако Шалке 04 го победи Сент Паули сигурно се враќа во Првата лига.

Тоа би значело дека Даре би избегнал варијанта што не е невозможна и би му го скршила срцето, бидејќи постои можност Шалке 04 да игра и против Штутгарт во евентуален бараж за учество во Бундеслигата идната сезона.

Дербито со Сент Паули во претпоследното 33. коло во популарната Цвајта се игра од 20.30 часот, а на Шалке во одредена варијанта му одговара и реми.

Чурлинов сигурно ќе сака победа за да избегне потенцијален двомеч со Штутгарт, клуб од каде беше позајмен во Шалке 04.

Тимот од Гелзенкирхен е лидер во Втората лига со 59 бода, пред Дармштад и Вердер со по 54 бода и Хамбургер и Сент Паули со по 54 бода.

Дармштад има само еден меч до крај на првенството, а сите останати кандидати за првите две места имаат по два натппревари до крајот на сезоната.

Дури може да се случи и неверојатната ситуација, Шалке 04 да заврши како трет на табелата и Дарко Чурлинов да игра против својот клуб Штутгарт, ако петкратните германски прваци останат на сегашната 16-та позиција во Бундеслигата.

Третопласираната екипа од Цвајта и третата одоздола во Бундеслигата ќе играат бараж двомеч меѓусебе за последниот билет во германското првенств за идната сезона и во таков случај Чурлинов би требало да игра за тимот во кој е позајмен, Шалке 04 против клубот чиј член е официјално, а тоа е Штутгарт.

Се уште не се знае дали Дарко од идната сезона ќе игра за Штутгарт, или Шалке 04 ќе го откупи неговиот договор со сегашниот прволигаш.

 

- Оглас -

Најнови вести