Чудни калкулации пред вечерашните мечеви на женското СП во ракомет!

Вистинска драма ќе се одвива вечерва во групата 1 од ракометното Светско првенство за жени. Во ова друштво, први се Швеѓанките и тие сигурно ќе одат во четвртфинале, но прашање е дали второто место ќе го освои Црна Гора или Хрватска.

Хрватска игра со Унгарија ,која нема шанса и ако победи, треба да чека Црна Гора да не ја совлада Шведска. Но, мотивот на Унгарките е учество во квалификациите за Олимписките игри во Париз, кое го носи деветтото и десеттото место на СП. Ако Хрватска одигра нерешено со Унгарија, тогаш чека победа на Шведска.

Ако победи Унгарија, Црна Гора е четвртфиналист.

Црногорките со победа над Шведска одат во четвртфинале, и тоа како први од својата група. Доколку победи домашната Шведска, бодрена од 10.000 фанови, тогаш Црна Гора може да испадне, но и тоа не би било трагедија, утеха ќе им биде што во тој случај добиваат многу полесен пат до ЛОИ во Париз 2024.

- Оглас -

Најнови вести