Чудните правила од белгискиот куп во кошарка кај нас би донеле победи на третолигаши над прволигаши

Некогашниот српски кошаркар Веселин Петровиќ раскажа интересна анегдота од времето кога настапувал во Белгија.

Петровиќ, кој со репрезентацијата на Југославија стана европски првак во 2001 година, смета дека белгискиот куп е најтешкото натпреварување во коешто играл.

За да им се даде шанса на екипите од трета и четврта лига против прволигашите, имало правило според кое за секој Американец во составот, казната е пет поени, а и за секој ранг разлика, казната била уште пет поени.

„Првпат кога дојдов во Белгија, игравме куп против третолигаш. Се загреваме, во салата не се знае колку линии има за сите спортови и гледам на семафорот мечот почнува со 25-0 за противникот. Ние имавме двајца Американци, значи тоа се 10 поени казна, и за правилото од прва до трета лига уште по пет поени. Првите три напади задолжително ти даваат три тројки и на првиот тајмаут губиш со 0-34. Не знаете колку е мачно да стигнеш таква негатива колку и да си посилен“, раскажа Петровиќ.

Кај нас речиси секој прволигаш има по четворица Американци и кога правилото би се применило и во Македонија, би бил интересно на мечеви од екипи од прва против трета лига.

- Оглас -

Најнови вести