Чудно: Едвај 30 отсто веруваат дека Ливерпул ќе победи дома

Второто коло од четвртата сезона на Спортска прогноза е во полн ек, а во понудата стандардно има 13 интересни дуели од најатрактивните лиги во Европа. Претходната недела беше повеќе од успешна откако дури 26-мина прогнозери успеаја да освојат вредносни ваучери од Sport Life. Тројцата коишто погодија 12 фикса, си ќарија ваучери во вредност од по 1.000 денари, додека останатите 23-ца со по 11 погодени добија вредносни ваучери од Sport Life во вредност од 500 денари, што е доказ дека вреди да се игра оваа бесплатна игра.

Главната премија во секое коло е мобилен телефон „ајфон 12“, кој се добива со погодување на Среќна 13-ка, односно погодени сите 13 пара во понудата. Важно е да ги одиграте и резервните парови затоа што може да се случи како во првото коло, еден меч да не се доигра (дуелот Ница – Марсеј беше прекинат), па во тој случај се пресметува првиот резервен пар. Тие парови влегуваат и во конкуренција за Генерален пласман, каде што главната премија е Смарт ТВ од 48 инчи.

Дербито на колото овој викенд е на „Енфилд роуд“, каде што Ливерпул го пречекува Челзи. Ливерпул кога игра дома, најчесто е фаворит за победа, но овојпат повеќе од 1.000 прогнозери не мислат така. Едвај 30 отсто веруваат во „кец“ и победа на тимот на Јирген Клоп против актуелниот европски владетел.

За да бидете дел од Спортска прогноза, потребно е само да имате Sport Life картичка, а доколку немате, можете блесплатно да ја извадите во кој било објект за уплата.

 

- Оглас -

Најнови вести