Ерлинг Халанд е нејзадржлив во Англија, но иако е неверојатно, тој не е прв на актуелната листа на најдобри стрелци во Европа, во трката за „Златната копачка“. Халанд досега даде 14 погодоци, а фактот дека англиската Премиер лига има коефициент 2, значи дека Норвежанецот има 28 бодови во трката за „Златна копачка“.
Пред Халанд е друг Норвежанец. Тоа е Амал Пелегрино, кој настапува за тимот на Бодо/Глимт. Овој 32-годишен крилен напаѓач сезонава постигна 19 погодоци, а ако се знае дека норвешкото првенство е со коефициент 1.5, вкупниот број на бодови кои Пелегрино ги освоил досега е 28,5 што е за половина бод повеќе од Халанд.
Сепак, норвешкото првенство е во полн ек и досега се одиграни дури 24 кола, додека во Англија има само осум кола, па јасно е дека Пелегрино нема уште долго да биде лидер на оваа листа за „Златна копачка“ во Европа.
Image: The current European Golden Boot standings. Robert Lewandowski is in 8th place. pic.twitter.com/BAdVuSAQxp
— Barça Universal (@BarcaUniversal) October 3, 2022