Во пресрет на новата сезона во фудбалската Лига на шампиони, британски суперкомпјутер ги пресмета шансите на тимовите за освојување на титулата и според таа пресметка, главен кандидат за трофејот е Манчестер сити.
Сити беше финалист во минатата сезона и има 16 проценти шанси за титула. Потоа следуваат Баерн Минхен со 11 отсто шанси, Челзи со 10, Ливерпул со 9, Барселона со 8, Реал Мадрид со 6.
Најинтересно е што меѓу фаворитите на суперкомпјутерот, кој пресметува по алгоритам во кој се земаат предвид формата и вредноста на тимовите, го нема ПСЖ, кој летово се засили со неколку големи ѕвезди, меѓу кои и Лионел Меси. Суперкомпјутерот на Светците им дава само 4% шанси. Дури и еден Ајакс е пред нив и има 5 проценти шанси, исто колку и Манчестер јунајтед со Кристијано Роналдо.