Чудно за Арсенал – Остана без арсенал и против Барнли, ја израмни црната серија од 2005 година (Фото)

Арсенал ги разочара своите навивачи со нов слаб меч и реми без голови против аутсајдерот Барнли и ја израмни црната серија од 2005 година.

Топчиите останаа без муниција на четвртиот едноподруго натпревар во сите конкуренции и тоа последен пат им се случи пред 17 години.

Арсенал во меѓувреме испадна од двата англиски купа, ФА и Карабао и не постигна ниту еден гол, против Нотингем форест и двапати со Ливерпул, а и денеска пукаше со ќорци кон голот на Барнли.

 

- Оглас -

Најнови вести