Чудо невидено со многу симболика вечерва приредија англиските екипи Манчестер јунајтед и Вулверхемптон, а и двете екипи постигнаа по 4 гола во второто полувреме во ист интервал од по 11 минути.
Први почнаа Црвените ѓаволи од Манчестер и со головите на Јанг во 53-тата минута и на Мата и два на Гринвуд до 64-тата минута го декласираа АЗ Алкмар.
Подвигот на Јунајтед го повторија и Волците на Вулверхемптон со четири погодоци за 11 минути во второто полувреме. На „Молињу“ блеска Диого Жота, кој влезе како резерва, а постигна три гола од 58-мата до 69-тата минута. Третиот гол го постигна Дендонкер во 67-мата минута на два меча, што се вистински раритет во европскиот фудбал.