6.8 C
Skopje
вторник, 17 февруари 2026

Чудо би било Шкендија да го елиминира Самсунспор, а Јуве, Реал, Интер, ПСЖ и Атлетико не смее да имаат проблеми

Вечерва започнува нокаут-фазата во Лигата на шампионите, а четири меча се дел од плејофот за влез во осминафиналето. Утревечер ќе се одиграат останатите четири средби од оваа фаза во ЛШ, додека за в четврток се закажани плјеоф-пресметките во Лигата на Европа и Конференциската лига.

Во Sport Life има одлична понуда за тоа кои екипи ќе одат во осминафиналето на сите три натпреварувања. Според пресметките, никако не смее да има изненадување и големите европски гиганти Јувентус, Реал Мадрид, ПСЖ, Интер и Атлетико Мадрид треба да одат во следната фаза, а квотите за поминување понатаму се движат меѓу 1.10 до 1.30.

Најголема фаворитска улога му се дава на Њукасл, кој игра против дебитантот Карабах, додека највозбудливо се очекува да биде на двомечот меѓу Борусија Дортмунд и Аталанта, каде што двата тима имаат подеднакви шанси за прогрес понатаму.

И Македонија има свој претставник во нокаут-системот, и тоа во Конференциската лига. Шкендија е првиот македонски тим кој „презимил“ во Европа и сега ќе игра двомеч со Самсунспор. Турскиот тим ја има фаворитската улога и квота само од 1.15 дека ќе оди понатаму. За Шкендија да се пласира во осминафиналето на Конференциската лига е квота пет.

Во Лигата на Европа се Динамо Загреби и Црвена ѕвезда, кои не се фаворити во пресметките против Гент и Лил, но секако дека имаат свои шанси.

- Оглас -

Најнови вести