Голманот на Спортинг Лисабон, Антонио Адан, бранеше само 23 минути на гостувањето кај Марсеј и за кус период успеа да направи две големи глупости, а потоа беше и исклучен.
Во 13-тата минута Шпанецот на голот на Лавовите од Лисабон го направи првиот голем кикс и буквално им подари израмнување 1:1 на домаќините.
https://twitter.com/MHawkins78/status/1577358473154674693?s=20&t=jzmR-R6OxfTX-iTiw4C4fQ
Сакаше да ја избие топката и го погоди во тело Алексис Санчес, кој ни „крив ни должен“ беше стрелец за 1:1.
Тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.
Само 10 минути подоцна, 35-годишниот чувар на мрежата на Спортинг направи нова глупост и задоцни со излегувањето надвор од шеснаесетникот, па направи фаул, а за малку ќе нокаутираше и свој соиграч.
Притоа играше со рака надвор од својот простор и доби директен црвен картон, а целата ситуација можете да ја погледнете ОВДЕ.