Кори Прајс беше брилијантен на голот на Монтреал канедиенс и потполно ги излуде напаѓачите на Питсбург пингвинс, но на крајот мораше да им ја честита победата во плејоф серијата во НХЛ лигата.
Некогашниот освијувач на Везина трофејот за најдобар голман во Лигата бранеше чудесно и од 37 упатени удари одбрани 35, но не можеше да спречи пораз од 1:3, со кој сега серијата до три победи во максимум пет меча е израмнета на 1:1.
За да се поклопат бројките и одбранетите 35 од вкупно 37 удари ,треба да се напомене дека последниот гол Пингвините го постигнаа на празна мрежа, кога Прајс беше надвор од теренот, а Канаѓаните внесоа екстра-напаѓал во одби во финишот да израмнат на 2:2.
Подвигот на Прајс е досега најдобар, односно тој има најмногу одбранети удари по рестартот на сезоната во НХЛ лигата.