30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Чудо е што сè промашија Барселона и Реал Мадрид на првото Ел Класико сезонава (Видео)

Барселона минимално со 1:0 го победи најголемиот ривал Реал Мадрид, во пријателски меч во Лас Вегас. Новото засилување на Барселона, Бразилецот Рафиња беше стрелец на погодок кој значеше и радост на каталонскиот гигант на крајот.

Кога се игра Ел Класико малку е неверојатно дека имало само еден гол, но тоа не значи дека немало возбудувања. Барселона шутна вкупно 16 пати од кои шест пати беше во рамките на голот на Куртоа, додека Реал Мадрид се закани со девет удари, но чудно е тоа што ниту еден не беше во рамките на голот. Барселона изведе осум корнери, а Реал немаше ниту едно удрлување од аголот, што е само уште еден доказ кој тим доминираше на овој меч.

За тоа какви шанси беа промашени на стадионот во Лас Вегас и зошто на крајот беше постигнат само еден погодок може да видите на најинтересните моменти од Ел Класико.

- Оглас -

Најнови вести