Интер со 1:0 го победи Порто во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, а Ромелу Лукаку го постигна победничкиот гол на неколку минути пред крајот. Лукаку во игра влезе во вториот дел и тоа се покажа како вистински потег за да се донесе радост на домашните фанови.
Сепак, пред да даде гол Интер, Порто имаше неколку одлични шанси за погодок. Најдобрата акција на гостите беше во 57-мата минута, кога фудбалерите на Порто за неколку секунди шутираа трипати кон голот на домаќините, а Онана имаше две фантастични одбрани.