Аталанта беше голем фаворит против Болоња уште пред почетокот на мечот. Домаќините се борат за место кое води кон излез во Европа, а Болоња е во зоната за испаѓање. Иако сите очекуваа победа на Аталанта, никој не веруваше дека уште во првите 15 минути ќе има вистинска голеада.
Уште во третата минута Иличиќ го отвори резултатот, а истиот играч три минути подоцна зголеми на 2-0. Веќе во деветата минута беше 3-0 со голот на Хатебур, а Запата погоди за 4-0 во 15-тата минута и вистински делириум кај домашните навивачи.
Тоа што се случи на овој меч вечерва, во Италија не го памтат ниту најстарите навивачи. Последен пат кога еден тим дал четири гола во првите 15 минути од средбата беше Јувентус на дуелот против Рома, и тоа во далечната 1932 година. Тоа значи дека речиси 90 години не се случило еден тим во Серија А да поведе со 4-0 по првите 15 минути од мечот. Аталанта едноставно игра меч за историја во Италија.
Коментарите се затворени.