Чудо на денот: Вележ прими гол во 98-мата минута, но успеа на пенали да го исфрли АЕК сред Атина (Видео)

Вележ повеќе од 30 години чекаше да настапи во европските купови, а сега испиша историја откако успеа да го елиминира грчкиот фаворит АЕК Атина. Тимот од Босна и Херцеговина на свој терен победи со 2:1, а сега во реваншот успеа да ја преживее драмата која беше повеќе од два часа.

АЕК Атина ја имаше фаворитската улога, но Грците се мачеа да го скршат отпорот на гостите. Во 90-тата минута, главниот судија покажа дека ќе има дури 9 минути продолжување, а во 90+8, АЕК по еден корнер успеа да даде гол за 1:0 и се избори за дополнителни 30 минути, во кои немаше погодоци.

Пеналите требаше да го решат патникот за следната фаза, а Вележ прв шутираше и по три пенали беше во негатива од 1:2. Сепак, до крајот Вележ направи пресврт и со два погодоци во четвртата и во петата серија, во кои промашуваа фудбалерите на АЕК, тимот од БиХ се пласира во следното квалификациско коло од Конференциската лига.

https://streamable.com/tz79oo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести