Англискиот шестолигаш Маклесфилд направи неверојатен подвиг откако на свој терен со 2:1 славеше над Кристал палас, во третото коло на ФА Купот. Овој резултат речиси никој не го очекуваше, ако се знае дека Кристал палас е актуелен бранител на трофејот во ФА Купот, но сега е јасно дека ќе има нов освојувач на трофејот во најстарото клупско натпреварување во светот.
Чудото на Маклесфилд беше најавено пред крајот на првото полувреме кога Доусон погоди за 1:0 во 43 минута и тој погодок може да го видите ТУКА.
Дека се подготвува сензација беше потврдено со погодокот во 61 минута на Бакли, за неверојатни 2:0 за шестолигашот. Тој погодок може да го видите ТУКА.
До крајот на мечот, Кристал палас постојано беше во офанзива, но единствено што успеаа гостите да направат беше да постигнат почесен погодок во 90 минута преку Пино.
Во повеќе од едновековната историја на ФА Купот ова е прв пат по 1908 година, аматерски тим да го елиминира актуелниот бранител на тронот. Во сезоната 1908/09 токму Кристал палас кој тогаш бил аматерски тим успеал да го елиминира Вулверхемптон. Сега тие ја почувствуваа моќта на аматерите од Макелсфилд, па ФА Купот сигурно ќе добие нов владетел.

